• сабота, 21 февруари 2026

Еквадор со  дополнителни 10.000 војници ќе се бори против наркокартелите

Еквадор со  дополнителни 10.000 војници ќе се бори против наркокартелите

Кито, 17 јануари 2026 (МИА) – Еквадор вчера распореди 10.00 војници против бандите кои шверцуваат наркотици, одговорни за пораст на насилството во земјата.

Владата на претседателот Даниел Нобоа, сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп во Јужна Америка, одлучи да ја интензивира борбата против илегалната трговија со дрога.

Еквадор, кој е лоциран помеѓу главните извозници на кокаин – Колумбија и Перу, стана почетна точка за извоз на дрогата произведена во регионот. Бандите во Еквадор се поврзани со мексиканските и колумбиските картели. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан